Еремија 46:4-10 MKB

4 Впрегнете ги коњите! На коли, возачи! Поставете се под кацигите! Насочете ги копјата! Навлечете ги оклопите!

5 Што гледам? Вчудоневидени, се повлекуваат? Нивните јунаци, поразени, се дадоа во бегство, со главата без обѕир! ужас отсекаде - говори Господ.

6 Ни најбрзиот не избега, ни најхрабриот не се извлече! На север, покрај брегот на Еуфрат, се сопинаат и паѓаат.

7 Кој се дига како Нил, чии води шумат, како потоци?

8 Египет се дига како Нил, водите му шумат како потоци. И вели: ‘Ќе се дигнам, ќе ја преплавам земјата, ќе ги запустам градовите и населението!’

9 Коњи, напред! Летнете, бојни коли! Навалете, воини! Хуси, Фуди, заштитени со штитови, и Лудејци, што стрелаат со лак!

10 Ова е ден на Господа над Војските - ден на одмазда за да им се одмазди на Своите непријатели: мечот ќе се изнајаде, ќе се насити, ќе го смири гладот со нивната крв! Зашто Господ, Господ над Војските, има жртвен колеж во Северната Земја покрај брегот на Еуфрат.