Еремија 46:8-14 MKB

8 Египет се дига како Нил, водите му шумат како потоци. И вели: ‘Ќе се дигнам, ќе ја преплавам земјата, ќе ги запустам градовите и населението!’

9 Коњи, напред! Летнете, бојни коли! Навалете, воини! Хуси, Фуди, заштитени со штитови, и Лудејци, што стрелаат со лак!

10 Ова е ден на Господа над Војските - ден на одмазда за да им се одмазди на Своите непријатели: мечот ќе се изнајаде, ќе се насити, ќе го смири гладот со нивната крв! Зашто Господ, Господ над Војските, има жртвен колеж во Северната Земја покрај брегот на Еуфрат.

11 Искачи се на Галад, побарај балзам, девице, египетска ќерко! Напразно многу лекови: нема оздравување за тебе!

12 Народите чуја за твојот срам, твоите викотници ја наполнија земјата. Зашто јунак се сопнува од јунак и двајцата паѓаат.”

13 Слово што Господ му го упати на пророкот Еремија кога Навуходоносор, вавилонскиот цар, дојде за да удри на Египетската Земја.

14 „Навестете му на Египет, објавете во Мигдол, разгласете во Мемфис: ‘Подреди се! Приготви се! Зашто мечот веќе голта сè околу тебе!’