1 Слово што Господ му го упати на пророкот Еремија за Филистејците пред фараонот да ја освои Газа.
2 Господ рече вака: „Еве, се дигаат води од Север и како збуени брзаци ја преплавуваат земјата и сè што е на неа, градовите и сите нивни жители. И луѓето викаат, и лелекаат сите жители на земјата,
3 покрај татнежот на копитата на неговите ждребиња, покрај тропањето на колите и тресокот на колцата. Татковците веќе не се грижат за своите деца, зашто рацете им се онемоштени,
4 заради денот што осуна за да ги истреби Филистејците, да ги сотре Тир и Сидон сè до последниот помагач. Зашто Господ ги истребува Филистејците, и сиот Остаток на Кафторските Острови.
5 На Газа ќе и биде избричена главата, Аскалон разурнат. А ти, Аштоду, Остаток на Анаковците, до кога тагата ќе те кине?