3 покрај татнежот на копитата на неговите ждребиња, покрај тропањето на колите и тресокот на колцата. Татковците веќе не се грижат за своите деца, зашто рацете им се онемоштени,
4 заради денот што осуна за да ги истреби Филистејците, да ги сотре Тир и Сидон сè до последниот помагач. Зашто Господ ги истребува Филистејците, и сиот Остаток на Кафторските Острови.
5 На Газа ќе и биде избричена главата, Аскалон разурнат. А ти, Аштоду, Остаток на Анаковците, до кога тагата ќе те кине?
6 Леле, Господов мечу, кога ли ќе се смириш? Врати се во ножницата, застани и одмори се!
7 Но како да се смири, кога Господовата рака заповеда со него: против Аскалон и на морската песочина Тој го определи.