1 Против Моав. Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Тешко и на гората Нево, зашто е запустена, засрамен е Киријатаим и освоен, тврдината засрамена, разурната,
2 ја нема веќе моавската гордост. Пропаста му ја сковаа во Есевон: ‘Ајде да го истребиме од народите!’ А ти, Мадмене, ќе бидеш разурнат, мечот веќе иде по тебе!
3 Слушај! Лелеци се слушаат од Оронаим: ‘Грабеж, страшна пропаст!’
4 „Моав е здробен! се слуша врескањето на неговите мали.
5 Да, нагоре по ридот Луит се искачуваат плачејќи. Да, низ надолниците на Оронаим, се разнесува писокот над пропаста.