18 Слези од својата слава, седи во кал, жителке, девонска ќерко! Зашто запустувачот на Моав се нафрли врз тебе, ги разурна сите твои тврдини.
19 Застани на патот и набљудувај, о жителу на Ароир! Прашај ги бегалците и преживеаните, прашај ги: ‘Што се случи тоа?’
20 Моав се срами, зашто е скршен. Плачете, липајте! Известете во Арнон дека Моав е запустен.
21 Судот стигна над Висорамнината и над Олон, Јаса и Мифат,
22 над Девон, Нево, Вет Девлатаим,
23 Киријатаим, Вет Гамул, Вет Моен,
24 Кериот, Восор и над сите градови на Моавската Земја, далечните и блиските.