2 ја нема веќе моавската гордост. Пропаста му ја сковаа во Есевон: ‘Ајде да го истребиме од народите!’ А ти, Мадмене, ќе бидеш разурнат, мечот веќе иде по тебе!
3 Слушај! Лелеци се слушаат од Оронаим: ‘Грабеж, страшна пропаст!’
4 „Моав е здробен! се слуша врескањето на неговите мали.
5 Да, нагоре по ридот Луит се искачуваат плачејќи. Да, низ надолниците на Оронаим, се разнесува писокот над пропаста.
6 Бегајте, спасувајте го животот, угледајте се на пустинските ослиња!”
7 Зашто се надеваше во твоите тврдини, ќе бидеш и ти освоен. Хамос заминува на заточение, со своите свештеници и кнезови.
8 Запустувачот ќе дојде во секој град, ниеден нема да му избега: Долината ќе биде ограбена, Висорамништето запустено, зборува Господ.