21 Судот стигна над Висорамнината и над Олон, Јаса и Мифат,
22 над Девон, Нево, Вет Девлатаим,
23 Киријатаим, Вет Гамул, Вет Моен,
24 Кериот, Восор и над сите градови на Моавската Земја, далечните и блиските.
25 Рогот на Моав му е здробен, раката му е скршена.
26 Испијанете го, зашто сакаше да се возвиши над Господа: Моав нека се прпелка сега во својата блуваница, та и тој нека биде за потсмев.
27 Нели тебе Израел ти беше за потсмев? Дали можеби го најдоа во кражба, та мавташ со главата штом зборуваш со него?