25 Рогот на Моав му е здробен, раката му е скршена.
26 Испијанете го, зашто сакаше да се возвиши над Господа: Моав нека се прпелка сега во својата блуваница, та и тој нека биде за потсмев.
27 Нели тебе Израел ти беше за потсмев? Дали можеби го најдоа во кражба, та мавташ со главата штом зборуваш со него?
28 „Оставете ги градовите, живејте во пештерите, жители на Моав! Бидете како гулаби што се гнездат врз стрмна карпа на работ на нејзината бездна!
29 Чувме за надуеноста на Моав, преголема надуеност, за неговата гордост, фалење, возвишување, за гордоста на неговото срце!
30 Го познавам Јас неговиот бес - говори Господ, лагата на неговите зборови!
31 Затоа треба да лелекам над Моав, да плачам над сите Моавци, да липам заради луѓето на Кир Ерес.