31 Затоа треба да лелекам над Моав, да плачам над сите Моавци, да липам заради луѓето на Кир Ерес.
32 Повеќе отколку над Јазир, ќе плачам за тебе, о сивамска лозо, чии подници се протегаа преку море, стигаа сè до Јазир. Врз твоите берби и жетви сега падна запустувачот.
33 Исчезнаа радоста и веселбата, од овоштарниците и од Моавската Земја. Снема вино во бочвите, газачите веќе не го газат грозјето, веселите звуци веќе не се весели.
34 Викањето на Есевон и Елеал се слуша сè до Јаса. Викаат од Сигор до Оронаим и до Еглат Шелишиј, зашто и нимримските води се претворија во пустина.
35 Во Моав ќе направам - говори Господ - да не се искачуваат на високите места и да не им се кади на неговите богови.
36 Затоа срцето ми трепери како кавал за Моав, Моето срце трепери како свирка за луѓето на Кир Ерес: зашто пропадна печалбата што ја спечалија!
37 Сите глави се избричени и брадите потстригани; на сите раце засеци, вреќиште околу слабините.