35 Во Моав ќе направам - говори Господ - да не се искачуваат на високите места и да не им се кади на неговите богови.
36 Затоа срцето ми трепери како кавал за Моав, Моето срце трепери како свирка за луѓето на Кир Ерес: зашто пропадна печалбата што ја спечалија!
37 Сите глави се избричени и брадите потстригани; на сите раце засеци, вреќиште околу слабините.
38 На сите покриви на Моав и на неговите раскрсници само викања за помош, зашто го скршив Моав како врчва што никому не му е потребна - говори Господ.
39 Како ли ја скршив? Колку срамно Моав се даде во бегство! Моав стана потсмев и страшило за сите соседи.”
40 Зашто вака зборува Господ: „Ете, како орел трепери, над Моав шири крилја.
41 Градовите се заземени, тврдините освоени. Во тие денови срцето на моавските јунаци ќе биде како срцето на жена во породилни болки.