37 Сите глави се избричени и брадите потстригани; на сите раце засеци, вреќиште околу слабините.
38 На сите покриви на Моав и на неговите раскрсници само викања за помош, зашто го скршив Моав како врчва што никому не му е потребна - говори Господ.
39 Како ли ја скршив? Колку срамно Моав се даде во бегство! Моав стана потсмев и страшило за сите соседи.”
40 Зашто вака зборува Господ: „Ете, како орел трепери, над Моав шири крилја.
41 Градовите се заземени, тврдините освоени. Во тие денови срцето на моавските јунаци ќе биде како срцето на жена во породилни болки.
42 Моав е избришан од народите, зашто се возвиши над Господа.
43 Страв, јама и примка за тебе, жители на Моав! - говори Господ.