Еремија 48:5-11 MKB

5 Да, нагоре по ридот Луит се искачуваат плачејќи. Да, низ надолниците на Оронаим, се разнесува писокот над пропаста.

6 Бегајте, спасувајте го животот, угледајте се на пустинските ослиња!”

7 Зашто се надеваше во твоите тврдини, ќе бидеш и ти освоен. Хамос заминува на заточение, со своите свештеници и кнезови.

8 Запустувачот ќе дојде во секој град, ниеден нема да му избега: Долината ќе биде ограбена, Висорамништето запустено, зборува Господ.

9 Ставете му на Моав надгробен камен, зашто е урнат до основи; неговите градови се пустини, во нив никој не живее.

10 Проклет да е кој негрижливо ги извршува Господовите работи! Проклет да е кој својот меч не ќе го омрси со крв!

11 Од својата младост Моав уживаше мир, лежеше врз својата дрождина, никогаш не го преточуваа од бочва во бочва, никогаш не отиде на заточение: затоа вкусот му остана свеж, мирисот непроменет.