Еремија 50:10-16 MKB

10 Халдеја ќе биде ограбена, ќе ја пљачкаат неа до наситка - говори Господ.

11 Да! Радувајте се само и воскликнувајте, вие ограбувачи на Моето наследство! Потскокнувајте како јунче на пасење! ‘Ржете како ждребиња!

12 Вашата мајка се засрами многу, се усрами вашата родителка. Еве, последна е меѓу народите: пустина, сува и непроодна.

13 Заради Господовиот гнев ќе биде без население, сета ќе запустее. Секој што ќе помине покрај Вавилон, ќе се згрози и ќе свири со уста над неговите рани.

14 Наредете се против Вавилон, опколете го. Стрелци, стрелајте во него, не ги жалите стрелите - зашто Му згрешивте на Господа.

15 Од сите страни нека екнат бојни извикувања. Тој се предава! Столбовите му паѓаат, ѕидовите му се разурнуваат: Тоа е Господовата одмазда! Одмаздете му се на Вавилон, постапувајте со него, како што постапувал тој!

16 Истребете му ги на Вавилон и сејачот и жетварот што замавнува со српот во жетварските денови! Пред насилничкиот меч секој нека се врати при својот народ, нека бега во својата земја.