Еремија 50:17-23 MKB

17 Израел беше разбркано стадо, лавовите го распрснаа, Асирискиот цар го голтна прав, а потоа, Навуходоносор, вавилонскиот цар, му ги скрши коските.”

18 Затоа Господ над Воинствата, Израелевиот Бог, зборува вака: „Еве, ќе ги казнам вавилонскиот цар и неговата земја, како што го казнив асирискиот цар.

19 И ќе го вратам Израел на неговото пасиште да пасе по Кармил, по Васан, по Ефремовите Ридови и по Галад, за да се насити.

20 Во оние денови, во она време - говори Господ - ќе го бараат Израелевиот грев, ама веќе не ќе го има; ќе ги бараат јудејските злодела, но не ќе ги најдат. Зашто им простив на сите што ги запазив.”

21 „Против Мератаимската Земја! Тргни против неа и против жителите на Фекод, сотри ги до основи, уништи сè зад нив - говори Господ, изврши сè како што ти заповедав!

22 Воена викотница се слуша во земјата, страшен пораз.

23 О, како е скршен, здробен, млатот на целата земја! Како Вавилон им стана страшило на народите!