Еремија 50:23-29 MKB

23 О, како е скршен, здробен, млатот на целата земја! Како Вавилон им стана страшило на народите!

24 Ти ставив стапица, Вавилону, ти се фати и не виде. Затекнат си и фатен, зашто завојува против Господа!

25 Господ ја отвори својата оружница, го извлече оружјето на Својот гнев, зашто има работа за Господа над Војските во Халдејската Земја.

26 Удрете врз неа од сите страни, отворете ги нејзините житници, слагајте ја како снопје, затрете го Вавилон со уништување, за да не остане ништо од него.

27 Заколете ги сите негови јунци, нека слезат во кланицата! Тешко ним, дојде нивниот ден, времето на нивната казна!

28 Чуј го гласот на оние што избегаа, што пребегаа од Вавилонската Земја за да јават на Сион за одмаздата на Господа, нашиот Бог, одмаздата за Неговиот Храм!

29 Повикајте ги против Вавилон стрелците, сите што оптегнуваат лакови, опкружете го од сите страни: никој да не избега! Платете му според заслугата, направете му како што правеше, зашто се гордееше против Господа, Израелевиот Светец.