Еремија 50:30-36 MKB

30 Затоа сите младци ќе му испаѓаат по улиците и ќе му изгинат сите војници во оној ден - говори Господ.

31 Еве Ме против тебе, Горделивецу! - говори Господ над Воинствата - дојде твојот ден, времето на походот против тебе.

32 Горделивиот ќе се стресе, ќе падне, и никој не ќе го дигне. Ќе им потпалам оган на неговите градови и ќе голтнат сè наоколу.”

33 Господ над Војските зборува вака: „Угнетувани се Израелевите синови, заедно со Јудините синови. Оние што ги заробија, ги држат цврсто и нема да ги пуштат.

34 Но моќен е нивниот Искупител, Име Му е Господ над Воинствата. Тој ќе ја одбрани нивната парница - ќе и донесе мир на земјата и ќе ги смути жителите на Вавилон.

35 Меч против Халдејците - говори Господ против жителите на Вавилон, против кнезовите и неговите мудреци!

36 Меч против неговите брбливци, нека полудат! Меч против неговите воини, нека се исплашат!