Еремија 50:35-41 MKB

35 Меч против Халдејците - говори Господ против жителите на Вавилон, против кнезовите и неговите мудреци!

36 Меч против неговите брбливци, нека полудат! Меч против неговите воини, нека се исплашат!

37 Меч против неговите коњи и бојни коли и против сиот куп луѓе среде него: нека станат како жени! Меч против нивните ризници: нека ги ограбат!

38 Меч против нивните води, нека пресушат! Зашто тоа е земја на идоли, ги залудија киповите, нивните страшила.

39 Затоа таму ќе се настанат рисовите со хиените, и ноеви ќе живеат таму. Местото ќе остане без население довека, никој не ќе живее таму од колено до колено.

40 Ќе го разурнат како што Бог ги разори Содом и Гомор и нивните соседи - говори Господ. Човек не ќе живее таму, човечкиот син не ќе престојува во него.

41 Еве доаѓа народ од Север, голем народ, и многу цареви, и се подигаат од краиштата на земјата.