8 Бегајте од Вавилон! Излезете од Халдејската Земја! Бидете како овни пред стадото.
9 Зашто, еве, ќе дигнам и ќе доведам против Вавилон мноштво големи народи; од Северната Земја ќе се наредат против него - оттаму ќе биде освоен. Стрелите им се како кај искусен јунак, празни не се враќаат.
10 Халдеја ќе биде ограбена, ќе ја пљачкаат неа до наситка - говори Господ.
11 Да! Радувајте се само и воскликнувајте, вие ограбувачи на Моето наследство! Потскокнувајте како јунче на пасење! ‘Ржете како ждребиња!
12 Вашата мајка се засрами многу, се усрами вашата родителка. Еве, последна е меѓу народите: пустина, сува и непроодна.
13 Заради Господовиот гнев ќе биде без население, сета ќе запустее. Секој што ќе помине покрај Вавилон, ќе се згрози и ќе свири со уста над неговите рани.
14 Наредете се против Вавилон, опколете го. Стрелци, стрелајте во него, не ги жалите стрелите - зашто Му згрешивте на Господа.