1 Господ зборува вака: „Ете, Јас подигам против Вавилон и против халдејските жители погубувачки ветер.
2 Ќе испратам во Вавилон вејачи за да го веат и да ја просеат неговата земја низ решето. Кога ќе го опколат од сите страни во кобниот ден,
3 стрелецот нека не го остава настрана лакот, нека не го соблекува оклопот! Не штедете ги нивните младинци, уништете му ја сета војска!
4 Убиените ќе паѓаат по Халдејската Земја, прободени по неговите улици.