20 „Ти ми беше млат, воено оружје. Со тебе ги поразив народите, со тебе ги разорував царствата.
21 Со тебе ги удрив коњот и коњаникот, со тебе ги удрив бојната кола и возачот.
22 Со тебе ги удрив мажот и жената, со тебе ги удрив старецот и детето. Со тебе ги удрив младецот и девицата, со тебе ги удрив пастирот и стадото.
23 Со тебе ги поразив земјоделецот и неговата запрега, со тебе ги удрив намесниците и управителите.
24 Ама сега му плаќам на Вавилон пред вашите очи и на сите Халдејци за сето зло што му го направија на Сион - говори Господ.
25 Еве Ме врз тебе, Горо разурнувачка - говори Господ - разурнувачко на целиот свет! Ќе замавнам со раката против тебе, ќе те симнам од стрмната карпа, ќе те претворам во изгорена гора.
26 Од тебе веќе нема да делкаат аголен камен ни камен основник, ќе бидеш вечна пустина” - говори Господ.