Еремија 51:27-33 MKB

27 Подигнете го знамето во земјата, затрубете во рог меѓу народите! Подгответе ги народите против него, повикајте ги царствата против него - Арарат, Миниј, Асханаз! Поставете водач против него, коњите нека се нафрлат како влакнести скакулци!

28 Подгответе ги народите против него, мидиските цареви, војводите и нивните заменици и сета земја со која што владеат.

29 Земјата ќе се тресе, ќе трепери, кога ќе почнат да се искачуваат кон Вавилон сите Господови намисли, за да ја претвори Вавилонската Земја во ненаселена пустина.

30 Вавилонските јунаци се откажаа од борбата, заседнаа во тврдините, ја снема нивната сила: станаа како жени. Изгорени се неговите домови, скршени се лостовите на вратите.

31 Брзоодецот престигнува брзоодец, гласник трча по гласникот, за да му јават на вавилонскиот цар дека градот му е заземен од сите страни,

32 бродовите се заземени, тврдините се изгорени со оган, а јунаците исплашени.

33 Зашто вака зборува Господ, Израелевиот Бог: „Вавилонската ќерка е како гумно во времето кога се гази по него; уште малку, и ќе и дојде времето на жетвата.