34 Ме изеде, ме сотре Навуходоносор, вавилонскиот цар, ме отфрли како празен сад, тој ме проголта како змев, го наполни желудникот, ме истера од мојот Еден.”
35 „Насилството и моите страдања врз Вавилон!” зборуваат жителите на Сион. „Мојата крв врз Халдејците!” зборува Ерусалим.
36 Затоа Господ зборува вака: „Еве, Јас ќе ја бранам твојата парница и ќе те одмаздам. Ќе го пресушам неговото море, и ќе ги пресушам неговите извори.
37 Вавилон ќе биде куп урнатини, дувло на шакали, ужас и потсмев, ненаселен крај.
38 Сите заедно рикаат како лавови, вијат како лавчиња.
39 Кога ќе се стоплат, ќе им приредат пијанка, ќе ги напојат за да се повеселат, и да заспијат со вечен сон, па веќе да не се разбудат - говори Господ.
40 Ќе ги одведам како јагниња на колење, како јарци и овни.