36 Затоа Господ зборува вака: „Еве, Јас ќе ја бранам твојата парница и ќе те одмаздам. Ќе го пресушам неговото море, и ќе ги пресушам неговите извори.
37 Вавилон ќе биде куп урнатини, дувло на шакали, ужас и потсмев, ненаселен крај.
38 Сите заедно рикаат како лавови, вијат како лавчиња.
39 Кога ќе се стоплат, ќе им приредат пијанка, ќе ги напојат за да се повеселат, и да заспијат со вечен сон, па веќе да не се разбудат - говори Господ.
40 Ќе ги одведам како јагниња на колење, како јарци и овни.
41 Како ли е заземен Сесах, како е освоена таа гордост на сета земја? Како ли стана Вавилон страшило на народите?
42 Морето се надига против Вавилон, неговите бранови го прекрија.