Еремија 51:44-50 MKB

44 Ќе го казнам вавилонскиот Вал, ќе му го одземам од устата тоа што го голтнал. Народите веќе не ќе се собираат кај него, ќе се разурнат вавилонските ѕидови.

45 Излези од него, народе Мој! Нека секој го спаси својот живот од жестокиот Господов гнев!

46 Нека срцето не ви ослабее! Не бојте се од гласовите што се шират низ земјата, една година вакви, друга - онакви, и дека во земјата владее насилство, та силник станува силник.

47 Зашто еве доаѓаат денови кога ќе ги казнам вавилонските кипови, и сета земја ќе му се засрами, и сите негови погубени ќе лежат среде градот.

48 Тогаш над Вавилон ќе воскликнуваат небото и земјата, и сè што е на нив, зашто од север ќе се нафрлат врз градот, опустувачи!” - говори Господ.

49 И Вавилон треба да падне за погубените Израелци, како што за Вавилон паѓаа истепани сите земји.

50 Вие што му избегавте на мечот, одете си, не останувајте тука. Спомнувајте си за Господа во далечната земја, и Ерусалим нека ви биде на срце.