Еремија 51:50-56 MKB

50 Вие што му избегавте на мечот, одете си, не останувајте тука. Спомнувајте си за Господа во далечната земја, и Ерусалим нека ви биде на срце.

51 Се срамевме слушајќи го срамот, руменило ни го прекри лицето, кога туѓинците навлегоа во Светилиштето на Господовиот Дом.

52 „Затоа, ете, доаѓаат денови - говори Господ -кога ќе ги казнам нивните кипови, и по целата негова земја ќе офкаат ранетите.

53 Ако Вавилон се искачи до небото, ако се утврди на недостапно место, на Моја заповед ќе се нафрлат врз него запустувачите” - говори Господ.

54 Чујте го викањето за помош од Вавилон и страшниот пораз од Халдејската Земја!

55 Зашто Самиот Господ го запустува Вавилон, Тој го стивнува неговиот страшен шум: неговите бранови шумеа како големи води, се слуша нивното бучење.

56 Да, запустувачот дојде во Вавилон, фатени се неговите воини, скршени им се лаковите. Навистина, Господ е Бог одмаздник Кој плаќа според заслугата.