Еремија 51:52-58 MKB

52 „Затоа, ете, доаѓаат денови - говори Господ -кога ќе ги казнам нивните кипови, и по целата негова земја ќе офкаат ранетите.

53 Ако Вавилон се искачи до небото, ако се утврди на недостапно место, на Моја заповед ќе се нафрлат врз него запустувачите” - говори Господ.

54 Чујте го викањето за помош од Вавилон и страшниот пораз од Халдејската Земја!

55 Зашто Самиот Господ го запустува Вавилон, Тој го стивнува неговиот страшен шум: неговите бранови шумеа како големи води, се слуша нивното бучење.

56 Да, запустувачот дојде во Вавилон, фатени се неговите воини, скршени им се лаковите. Навистина, Господ е Бог одмаздник Кој плаќа според заслугата.

57 „Ќе му ги испијанам кнезовите и мудреците, војводите, намесниците и воините: за да заспијат со вечен сон па веќе да не се разбудат” - зборува Царот, Името Му е Господ над Воинствата.

58 Вака говори Господ над Војските: „Широките вавилонски ѕидови ќе бидат разурнати до основите, а неговата висока врата ќе биде спалена со оган. Напразно ќе се трудат народите, народите ќе се измачуваат за оган!”