1 Седекија беше на дваесет и една година кога се зацари, а царуваше единаесет години во Ерусалим. Името на мајка му и беше Амутала, ќерка на Еремија, а беше од Ливна.
2 Правеше што е зло во Господовите очи, сè како што правеше Јоаким.
3 Тоа му се случи на Ерусалим заради Господовиот гнев; најпосле Господ и ги отфрли од пред Своето лице.
4 Во деветтата година на неговото царување, во десеттиот ден на десеттиот месец, тргна самиот вавилонски цар Навуходоносор со сета своја војска против Ерусалим. Се влогори пред градот и го опаша со окопи.
5 Градот остана опколен сè до единаесеттата година на Седекиевото царување.