Еремија 52:12-18 MKB

12 Во десеттиот ден на петтиот месец - во деветнаесеттата година на царувањето на Навуходоносор, вавилонскиот цар - во Ерусалим дојде Невузардан, началник на телохранителите.

13 Тој ги запали Господовиот Дом, царскиот дворец и сите куќи во Ерусалим, особено куќите на угледните луѓе;

14 халдејските чети, под заповедникот на телесната стража, ги разурнаа ѕидовите околу Ерусалим.

15 Невузардан, началникот на телохранителите, го одведе во ропство Остатокот на народот што беше останал во градот, а така и пребегалците кај вавилонскиот цар и другото мноштво.

16 Некои од најбедните луѓе Невузардан ги остави во земјата како лозари и земјоделци.

17 Халдејците ги скшија бронзените столбови во Господовиот Дом, подножјата и бронзеното море во Господовиот Дом, а бронзата ја однесоа во Вавилон.

18 Ги зедоа и грнците, лопатите, ножевите, и воопшто сиот бронзен прибор што се употребуваше за богослужбите.