Еремија 52:20-26 MKB

20 два столба, едно море и дванаесет бронзени волови под морето, подножјата што царот Соломон ги даде да бидат изработени за Господовиот Дом. Не е можно да се процени колку бронза имаше во сите тие предмети.

21 Првиот столб беше висок осумнаесет лакти - можеше да го опфати јаже од дванаесет лакти - беше дебел четири прсти, а внатре празен.

22 Имаше глава од бронза, висока пет лакти; и ја обвиваа мрежа и калинки, а сè од бронза. Таков беше и вториот столб.

23 А девеесет и шест калинки висеа слободно. Сè на сè во таа плетеница имаше околу сто калинки.

24 Заповедникот на стражата го одведе првосвештеникот Серај, вториот свештеник Софониј, и тројцата чувари на прагот.

25 Од градот ги одведе: еден дворјанец, воен началник; седум луѓе од царската придружба, кои се најдоа во градот; писарот на заповедникот на војската, кој собираше воини од народот и шеесет жители, кои се најдоа исто така во градот.

26 Заповедникот на телесната стража Невузардан ги одведе пред вавилонскиот цар во Ривла.