Еремија 52:24-30 MKB

24 Заповедникот на стражата го одведе првосвештеникот Серај, вториот свештеник Софониј, и тројцата чувари на прагот.

25 Од градот ги одведе: еден дворјанец, воен началник; седум луѓе од царската придружба, кои се најдоа во градот; писарот на заповедникот на војската, кој собираше воини од народот и шеесет жители, кои се најдоа исто така во градот.

26 Заповедникот на телесната стража Невузардан ги одведе пред вавилонскиот цар во Ривла.

27 И вавилонскиот цар нареди да ги погубат во Ривла, во Ематска Земја. Така го иселија јудејскиот народ од неговата земја.

28 Еве го бројот на луѓето кои Навуходоносор ги одведе во пленство: во седмата година три илјади и дваесет и три Јудејци;

29 во осумнаесеттата година Навуходоносорова: осумстотини триесет и две души од Ерусалим;

30 во дваесет и третата Навуходоносорова година, Невузардан, началникот на телохранителите, одведе седум стотини четириесет и пет Јудејци. Вкупно: четири илјади и шест стотини души.