Еремија 52:26-32 MKB

26 Заповедникот на телесната стража Невузардан ги одведе пред вавилонскиот цар во Ривла.

27 И вавилонскиот цар нареди да ги погубат во Ривла, во Ематска Земја. Така го иселија јудејскиот народ од неговата земја.

28 Еве го бројот на луѓето кои Навуходоносор ги одведе во пленство: во седмата година три илјади и дваесет и три Јудејци;

29 во осумнаесеттата година Навуходоносорова: осумстотини триесет и две души од Ерусалим;

30 во дваесет и третата Навуходоносорова година, Невузардан, началникот на телохранителите, одведе седум стотини четириесет и пет Јудејци. Вкупно: четири илјади и шест стотини души.

31 А во триесет и седмата година откако беше заробен јудејскиот цар Јоахин, во дваесет и петтиот ден на дванаесеттиот месец, вавилонскиот цар Евил Меродах, во првата година на своето владеење, го помилува јудејскиот цар Јоахин и го пушти од темница.

32 Разговараше љубезно со него и столицата му ја постави повисоко отколку на другите цареви кои беа со него во Вавилон.