Еремија 52:29-34 MKB

29 во осумнаесеттата година Навуходоносорова: осумстотини триесет и две души од Ерусалим;

30 во дваесет и третата Навуходоносорова година, Невузардан, началникот на телохранителите, одведе седум стотини четириесет и пет Јудејци. Вкупно: четири илјади и шест стотини души.

31 А во триесет и седмата година откако беше заробен јудејскиот цар Јоахин, во дваесет и петтиот ден на дванаесеттиот месец, вавилонскиот цар Евил Меродах, во првата година на своето владеење, го помилува јудејскиот цар Јоахин и го пушти од темница.

32 Разговараше љубезно со него и столицата му ја постави повисоко отколку на другите цареви кои беа со него во Вавилон.

33 Јоахин ги остави своите темнички облеки и јадеше со царот на истиот стол за време на сиот свој век.

34 До крајот на неговиот живот, сè до смртта, вавилонскиот цар му даваше трајно, од ден во ден, издржување.