Еремија 52:5-11 MKB

5 Градот остана опколен сè до единаесеттата година на Седекиевото царување.

6 Во деветтиот ден на четвртиот месец, кога во градот завладеа таква глад така што простиот народ немаше ни леб,

7 непријателот навлезе во градот. Тогаш царот и сите воини избегаа ноќе низ вратата меѓу два ѕида над Царската Градина - Халдејците го беа опколиле градот - и тргнаа по патот кон Араба.

8 Халдејските чети тргнаа по нив во потера и го стигнаа Седекија во Ерихонските Полиња, а сета негова војска се разбега.

9 И Халдејците го фатија царот и го одведоа во Ривла, во Ематската Земја, пред вавилонскиот цар, кој му ја изрече пресудата.

10 Ги искла Седекиевите синови пред неговите очи, ги погуби во Ривла сите Јудини кнезови;

11 на Седекија му ги ископа очите и го окова во бронзени окови и го одведе во Вавилон, каде што го држеше во темница сè до неговата смрт.