Еремија 8:1-6 MKB

1 „Во она време - зборува Господ - ќе ги извадат од земјата коските на јудејските цареви, коските на нејзините кнезови, коските на свештениците, коските на пророците и коските на ерусалимските жители.

2 И ќе ги распрострат кон сонцето, кон месечината и кон сета небесна војска, кои ги љубеа, на кои им служеа, кои ги следеа, кои ги прашаа за совет и на кои им се поклонуваа. И не ќе ги соберат ни ќе ги погребат; ќе останат како гној по земјата.

3 Тогаш на оние што ќе останат од тие лоши племиња, по сите места каде што ќе ги распрснам, смртта ќе им биде помила од животот - слово е на Господа над Војските.

4 Речи им вака: ‘Господ зборува вака: „Ако падне некој, нема ли да стане пак? Ако заскита некој, нема ли да се врати пак?

5 Тогаш зошто ерусалимскиот народ скита упорно и непрекратно? Цврсто се држат за лагата, не сакаат да се обратат.

6 Внимавав и прислушкував: не зборуваат како што треба. Никој не се кае заради своето зло, и не вели: „Што сторив?” Секој се завртува по својот пат, како коњ што трча во бој.