Еремија 8:12-18 MKB

12 Нека се засрамат дека направија гнасост, но тие веќе не знаат што е срам, не знаат веќе да зацрвенеат. Затоа ќе испаѓаат со оние што паѓаат, ќе се срушат кога ќе почнам да казнувам - зборува Господ.

13 Сакав на берба кај нив - Господово слово е - а тоа ни грозд на прачката, ни смоква на смоквата; дури и лисјата овенаа. Затоа ги предадов на оние што поминуваат покрај нив.”‘“

14 „Зошто чекаме уште? На собир! Да се вовлечеме во тврдите градови, за да изгинеме таму, зашто Господ, нашиот Бог, нè сотира, нè напојува со горчлива вода, зашто згрешивме против Господа.

15 Се надевавме на мир, но нема добро, чекавме време за оздравување, но ете го ужасот!

16 Од Дан достигнува цвилењето на неговите коњи, од ‘ржењето на неговите нескопени коњи трепери сета земја. Доаѓаат да ја голтнат земјата и сè што ја исполнува, градот и жителите во него.”

17 „Ете, пуштам на вас отровници, против кои нема чародејства; ќе ве каснуваат,” зборува Господ.

18 „Болка ме опфаќа, нема лек, срцето ми изнемошти.