18 „Болка ме опфаќа, нема лек, срцето ми изнемошти.
19 Еве, викаат на помош ќерките на Мојот народ од далечна земја: „Зар Господ не е веќе на Сион? Неговиот цар?” „Зошто Ме разјарија со своите кипови, со туѓински ништожества?”
20 „Жетвата помина, летото мина, а ние не сме спасени!”
21 Сотрен сум зашто е сотрена ќерката на Мојот народ, тажен сум, опфатен од стравотии.
22 Зар во Галад нема балсам? Нема ли таму лекар? Та, зошто не и доаѓа оздравувањето на ќерката на Мојот народ?