13 А среде тие суштества се гледаше нешто како некакви вжарени јаглења, како гламни што гореа, што се движеа меѓу нив; огнот светкаше, и молњи блескаа.
14 Суштествата трчаа и пак се враќаа како секавица.
15 Додека јас набљудував, ете: на земјата покрај секое од четирите суштества по едно тркало пред нивните лица.
16 Тркалата му беа слични на хрисолит, сите четири со ист облик; според обликот и правењето беа како едното тркало да е во другото.
17 При движењето можеа да одат во сите четири правци, а не требаа да се вратат.
18 А краевите им беа високи и страшни, а кога набљудував подобро, ете, на сите страни полни со очи.
19 Ка суштествата тргнуваа, тргнуваа со нив и тркалата, кога суштествата ќе се подигнеа од земјата, и тркалата се подигнуваа.