Езекиел 35 MKB

1 И ми дојде Господово слово

2 ”Човечки сине, сврти го лицето кон Сирската Гора и пророкувај против неа!

3 Речи и: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве Ме против тебе, Сирска Горо! Ќе ја подигнам раката против тебе и ќе те претворам во запустеност и пустина.

4 Ќе ги разурнам твоите градови, и ќе станеш пустина. И ќе знаеш дека Јас Сум Господ!

5 Вечна омраза гоеше и на меч им ги предаваше Израелевите синови кога ќе им се случеше несреќа и кога ќе им чукаше часот на последниот грев.

6 Затоа, животот Ми Мој - зборува Господ Бог - ќе те предадам на крв и крвта ќе те гони: крвта не ја мразеше, крвта ќе те гони!

7 Од Сирската Гора ќе направам запустеност и пустина, ќе ги истребам од неа и минувачот и повратникот.

8 Нејзините гори ќе ги наполнам со трупови: по твоите брежиња, по твоите долини и по твоите котлини ќе паѓаат покосени од меч.

9 Ќе направам од тебе вечна пустина, твоите градови нема да се населат. И ќе знаете дека Јас Сум Господ!

10 Ти рече: ‘Овие два народа и овие две земји ќе бидат мои; ние ќе ги завладееме, ако и да беше Господ таму!’

11 Затоа, животот Ми Мој - говори Господ Бог - ќе постапам со тебе според гневот и ревноста со кои постапи ти во својата омраза кон нив! Ќе Ме запознаеш по тоа како ќе ти судам!

12 И ќе знаеш дека Јас Господ, ги чув сите твои хули што ги изрече на Израелевите Гори, говорејќи: ‘Запустија, нам ни се дадени за храна!’

13 Се фалевте против Мене, зборувавте против Мене и ги умножувавте зборовите против Мене; Јас чув!”

14 Господ Бог зборува вака: „За радост на сета земја од тебе ќе направам пустина.

15 Како што ти се радуваше дека запусте Израелевото наследство, така ќе направам со тебе: ќе запустееш Сирска Горо, а со тебе и сиот Едом! И ќе знаат дека Јас Сум Господ!”‘

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48