Езекиел 1:17-23 MKB

17 При движењето можеа да одат во сите четири правци, а не требаа да се вратат.

18 А краевите им беа високи и страшни, а кога набљудував подобро, ете, на сите страни полни со очи.

19 Ка суштествата тргнуваа, тргнуваа со нив и тркалата, кога суштествата ќе се подигнеа од земјата, и тркалата се подигнуваа.

20 Каде што ги гонеше духот, таму се движеа, а заедно со нив се подигаа и тркалата, зашто духот на суштествата беше во тркалата.

21 Па кога суштествата ќе тргнеа, тргнуваа и колцата, а кога ќе застанеа тие, застануваа и тркалата, кога тие се подигаа од земјата, и тр-кала се подигаа со нив, зашто духот на суштествата беше во тркалата.

22 Над главите на суштествата беше нешто како небесен свод, сличен на сјајен кристал, распрострен над нивните глави.

23 А под сводот раскрилени крила, едно спрема другото: на секого по две крила му го покриваа телото.