Езекиел 1:19-25 MKB

19 Ка суштествата тргнуваа, тргнуваа со нив и тркалата, кога суштествата ќе се подигнеа од земјата, и тркалата се подигнуваа.

20 Каде што ги гонеше духот, таму се движеа, а заедно со нив се подигаа и тркалата, зашто духот на суштествата беше во тркалата.

21 Па кога суштествата ќе тргнеа, тргнуваа и колцата, а кога ќе застанеа тие, застануваа и тркалата, кога тие се подигаа од земјата, и тр-кала се подигаа со нив, зашто духот на суштествата беше во тркалата.

22 Над главите на суштествата беше нешто како небесен свод, сличен на сјајен кристал, распрострен над нивните глави.

23 А под сводот раскрилени крила, едно спрема другото: на секого по две крила му го покриваа телото.

24 Го чув летањето на нивните крила како шум на големи води, како глас на Сèсилниот, а гласот на зборувањето како глас на војска. Кога суштествата застануваа ги спуштаа крилата.

25 Од сводот над нивните глави се слушаше глас и кога застануваа, ги спуштаа своите крила.