2 Во петтиот ден на истиот месец - во петтата година откако го одведоа во ропство царот Јоаким -
3 Господовото слово му дојде на Езекиел, синот Вузиев, свештеник во Халдејската Земја, при реката Хевар. Господовата рака се спушти врз мене.
4 Погледав, кога ете од север удри силен виор, голем облак, пламнат оган обвиткан со сјај; среде него, среде огнот, нешто слично на сјајна ковина.
5 Среде тоа нешто како четири суштества по облик слични на човек;
6 секое од нив со четири лица, во секое четири крила.
7 Нозете им беа рамни, а стапалата како кај теле; светкаа како блескава бронза.
8 Под крилата имаа на сите четири страни човечки раце. И секое од четирите имаше свое лице и свои крила.