4 Погледав, кога ете од север удри силен виор, голем облак, пламнат оган обвиткан со сјај; среде него, среде огнот, нешто слично на сјајна ковина.
5 Среде тоа нешто како четири суштества по облик слични на човек;
6 секое од нив со четири лица, во секое четири крила.
7 Нозете им беа рамни, а стапалата како кај теле; светкаа како блескава бронза.
8 Под крилата имаа на сите четири страни човечки раце. И секое од четирите имаше свое лице и свои крила.
9 Крилата им се допираа едно со другото. Одејќи не се вртеа: секое се движе-ше напред.
10 И во сите четири суш-тества беше човечко лице, во сите четири оддесно лавско лице; во сите четири одлево воловско лице; и о-релско лице во сите четири.