6 секое од нив со четири лица, во секое четири крила.
7 Нозете им беа рамни, а стапалата како кај теле; светкаа како блескава бронза.
8 Под крилата имаа на сите четири страни човечки раце. И секое од четирите имаше свое лице и свои крила.
9 Крилата им се допираа едно со другото. Одејќи не се вртеа: секое се движе-ше напред.
10 И во сите четири суш-тества беше човечко лице, во сите четири оддесно лавско лице; во сите четири одлево воловско лице; и о-релско лице во сите четири.
11 Лицата им беа такви, а крилата им беа растегнати нагоре. Секое имаше две крила што се соединуваа и две крила со кои го покриваа телото.
12 И секој одеше само напред. А одеа онаму каде што духот ги гонеше. И одејќи не се завртуваа.