Езекиел 11:10-16 MKB

10 ќе паднете од меч, ќе ви судам на Израелевата Меѓа, и тогаш ќе знаете дека Јас Сум Господ!

11 А овој град веќе нема да биде котел, и вие нема да бидете негово месо. Ќе ви судам на Израелевата Меѓа,

12 и тогаш ќе знаете дека Јас Сум Господ по чии уредби не живеевте и чии закони не ги извршувавте, туку живеевте по законите на околните народи!”‘“

13 Додека пророкуваше така, почина Фелатиј, синот Венајин и јас паднав ничкум та извикав со сиот глас: „Леле Господи, Господи, зар навистина ќе го уништиш сиот Остаток на Израелевиот дом?”

14 И ми дојде Господовото слово:

15 ”Човечки сине, на твоите браќа и на твоите роднини, и на сиот Израелев дом, Ерусалимците им зборуваат: ‘Далеку сте од Господ! Оваа земја не ни е дадена нам во сопственост!’

16 Затоа речи им: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ако и ги протерав меѓу далечните народи, ако и ги распрснав по земјите, наскоро Јас самиот ќе им бидам Светилиште во земјите во кои се наоѓаат.”‘