17 Затоа речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Ќе ве соберам од народите, ќе ве вратам од земјите во кои што бевте распрснати, и пак ќе ви ја дадам Израелевата Земја!”‘
18 И кога ќе се вратите во неа, ќе ги истребат од неа сите грозности и гадости.
19 И Јас ќе им дадам ново срце и ќе вдахнам нов дух во нив: ќе го откорнам од нив нивното камено срце и ќе ставам во нив срце од месо,
20 за да одат по Моите наредби и да ги чуваат и да ги вршат сите Мои закони. И тие ќе бидат Мој народ, а Јас нивен Бог!
21 А на оние на кои срцето оди по грозностите и гадостите ќе го оборам врз главата нивниот пат,” говори Господ Бог.
22 Херувите ги подигнаа крилата, и колцата се кренаа по нив, а Славата на Израелевиот Бог трепереше над нив.
23 Господовата Слава се крена од градот и застана на гората, источно од градот.