20 за да одат по Моите наредби и да ги чуваат и да ги вршат сите Мои закони. И тие ќе бидат Мој народ, а Јас нивен Бог!
21 А на оние на кои срцето оди по грозностите и гадостите ќе го оборам врз главата нивниот пат,” говори Господ Бог.
22 Херувите ги подигнаа крилата, и колцата се кренаа по нив, а Славата на Израелевиот Бог трепереше над нив.
23 Господовата Слава се крена од градот и застана на гората, источно од градот.
24 А Духот ме подигна мене и ме понесе со Божјиот Дух кон заробениците во Халдејската Земја. И исчезна видението што го гледав.
25 И им раскажав на изгонетите сè што Господ ми откри.