1 Пак ми дојде Господовто слово:
2 ”Човечки сине! Ти престојуваш во одметнички дом кој има очи, а не гледа, има уши, а не слуша, но тие не слушаат, зашто се одметнички дом.
3 Затоа, човечки сине, подготви си заточенички врзулец со потребни работи и пред нивните очи дење сели се: сели се од своето место во друго, не би ли увиделе дека се бунтовнички дом.
4 Дење, пред нивните очи, изнеси го врзулецот, заточеничкиот врзулец, а излези ноќе пред нивните очи, како што се оди на заточение.
5 Пред нивните очи стави го врзулецот на рамена и излези во темната ноќ.
6 Покриј го лицето, за да не ја видиш земјата, зашто те поставив како знак за Израелевиот дом!”
7 Направив како што ми беше наредено: дење ги изнесов моите работи, а ноќе го продупчив ѕидот со рацете, и пред нивните очи во темната ноќ ги ставив работите на рамена.