Езекиел 12:14-20 MKB

14 А сите оние околу него, помошниците и четите, ќе ги распрснам во сите ветришта и ќе го извлечам Својот меч против нив.

15 А кога ќе ги распрснам меѓу народите и кога ќе ги расеам по земјите, ќе знаат дека Јас Сум Господ.

16 Сепак, ќе оставам малкумина што ќе му избегаат на мечот, на гладот и на поморот, за да ги раскажуваат своите гадности меѓу народите каде ќе стигнат, нека се знае дека Јас Сум Господ.”

17 И ми дојде Господово слово:

18 ”Човечки сине, јади леб загрижено и пиј вода со тресење од страв и со трепет!

19 И речи му на народот на земјата: ‘Господ, Господ, им зборува вака на ерусалимците во Израелевата земја: „Ќе јадат леб загрижено и ќе пијат вода со трепет, зашто земјата ќе им запустее, и ќе остане без ништо никаде, заради беззаконијата на своите жители.

20 И сите градови, сега населени, ќе бидат ограбени, а сета земја запустена. И ќе знаат дека Јас Сум Господ!”‘“