Езекиел 12:21-27 MKB

21 И ми дојде Господовото слово:

22 ”Човечки сине, какви ви се тие приказни за Израелевата земја? Се зборува: ‘Ете, деновите минуваат, а од пророштвото ништо!’

23 Затоа речи им: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ќе ги докрајчам тие приказни, и не ќе бидат повторувани веќе во Израел.” Речи им: „Деновите веќе наближуваат, и сите Мои пророштва ќе се исполнат!

24 Зашто не ќе има веќе во Израелевиот дом измамливи виденија, ни лажни пророштва, со кои што ги заведуваа луѓето.

25 Бидејќи што Јас, Господ, Господ, зборувам, тоа и ќе биде и словото нема да биде одложено! Да! уште во вашите дни, бунтовнички роду, ќе го изговорам словото и ќе го извршам.” Така зборува Господ, Господ!’”

26 И ми дојде Господово слово:

27 ”Човечки сиие! Еве што се зборува во Израелевиот дом: ‘Видението што овој го виде е за далечни денови! Пророкува за далечни времиња!’